Фудбал
11. November 2015 - 12:31

ФС Малта: Бекенбауер и Баерн го „купија“ со купишта пари СП 2006!!!

Аферата околу „купувањето“ на гласови за добивање на организацијата на СП во фудбал во 2006 година се разжестува. 

Откако претходно беше обелоденето дека  Бекенбауер  уплатил 6,7 милиони евра на сметката на надзорниот одбор на ФИФА за купување гласови се јави и новиот претседател на ФС на Малта кој обвини дека Бекенбауер тајно се сретнал со членот на ИО на ФИФА од Малта, Џозеф Мифсуд и дека договориле гостување на Баерн  со што федерацијата заработила од маркетиншки права 250 000 долар. 
„ Кажете ми зошто Баерн би гостувал на Малта, би ги платил сите трошоци и притоа ни подарил 250 000 евра од маркетиншка агенција за федерацијата. Зарем сето тоа не е провидно“- изјавил претседателот Демаџо.
Поради овие гласини оставка од функцијата поднесе претседателот на ФС на Германија Нирсбах.