„Фридом хаус“: Петта година по ред слободата на Интернет во светот се намалува

Слободата на пристапот до Интернет во светот се намалува петта година по ред, наведува невладината организација „Фридом хаус“ во својот годишен извештај.
Околу шест на секои десет лица во светот (58 отсто) живеат во земја во која Интернет корисниците и блогерите се наоѓаат по затвори, затоа што споделиле содржина од политичка, социјална или религиозна тематика.
Слободата на говорот на Интернет се намалила во 32 од 65 земји, истражувани од „Фридом хаус“ во годишниот извештај за 2015 година. Работата по извештајот почнала во јуни 2014.
Втора година по ред се намалува Интернет слободата во Украина, наведува организацијата во коминике.
„Фридом хаус“ ја дава за пример Франција, каде што законот за борба против тероризмот доведе до неколку апсења и пресуди на луѓе заради коментари на Интернет, по нападот врз списанието „Шарли ебдо“ во јануари 2015.
Либија, која се сместува меѓу 28-те „делумно слободни“ земји, исто така е со послаб резултат во споредба со минатата година заради „вознемирувачко насилство врз блогери“.
По арапската пролет во 2011 година и големата улога, која ја одиграа тогаш социјалните мрежи, поголем дел од владите во Магреб и на Блискиот Исток, ја засилиле контролата врз Интернетот, според „Фридом хаус“.
Наместо да наложуваат директна цензура, некои влади во 2015 година ја употребиле практиката да извршат притисок врз физички лица и приватниот сектор сами да отстранат некои одредени сајтови, блогови, статии, видео материјали или коментари на социјалните мрежи, наведува извештајот.
Предводник во слободата на Интернет е Исланд, по која следуваат Естонија, Канада, Германија, Австрија, САД, Јапонија и Италија.
На последно место од 19-те „неслободни“ земји, меѓу кои фигурираат Сирија и Иран, се наоѓа Кина.
Ново на Сител
-

Владата ги анализира кредитните понуди
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
-

Сејф сити ќе казнува мотори и тротинети
-

Цените кај храната стабилни, ако има потреба Владата ќе носи мерки
-

Жените да создадат навика за редовни гинеколошки прегледи
-

Нов повик за финансиска поддршка на мали претпријатија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Советот на обвинители да го испита работењето на Абази
-

Уште две девојчиња пријавиле недолично однесување на наставникот од Штип
