Бизнис
15. December 2016 - 10:55

„Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Кредиторите ја кочат Грција

Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ) донесе одлука да ја замрзне постапката за преземање краткорочни мерки за олеснување на грчкиот долг, објави германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ во текст под наслов „Кредиторите ја кочат Грција“.

Весникот наведува дека ваквото решение на ЕСМ доаѓа во време кога грчкиот премиер Алексис Ципар најави дополнителни средства за социјална помош за пензионерите.  

- Најавениот божиќен подарок од грчката Влада за пензионерите е во спортивност со планот на кредиторите. Затоа ЕСМ реши да ги замрзне краткорочните мерки за олеснување на грчкиот долг, што беа усвоени пред десетина дена од страна на Еврогрупата, наведува германскиот весник.

„Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ нагласува дека ЕСМ оценил дека мерките на Ципрас за помош на возрасните лица со ниски пензии не се во согласност со договорите за реформи склучени меѓу Атина и меѓународните кредитори.

Според договорот меѓу Грција и кредиторите, предвидено е грчкиот буџетски суфицит за 2016 година да изнесува 0,5 отсто од БДП.