Франгов означи почеток на изградба на сообраќајната инфраструктура кај месноста Милци
Градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов во присуство на пратеникот Драган Цуклев и бројни делегации и гости денеска со поставување камен темелник го означи почетокот на изградбата на сообраќајната инфраструктура на клучката од магистралниот пат Е-75 кај месноста Милци, во близина на граничниот премин „Богородица“, во рамки на одбележувањето на 7.Ноември- Денот на ослободувањето на Гевгелија.
Проектот, информираше градоначалникот Франгов, е вреден еден милион евра обезбедени од општинскиот буџет, а треба да се реализира за околу шест месеци.
- Со овој проект ќе овозможиме растоварување на сообраќајната фреквенција на автопатот пред граничниот премин. Сервисниот пат со надпатникот ќе служи не само за полесно поврзување на населеното место Богородица со автопатот, туку и за полесно исклучување и вклучување на автопатот на гостите кои ги посетуваат казината „Принцес“ и „Фламинго“,рече Франгов.
Прославата на Денот на ослободувањето на Гевгелија продолжува со традиционалниот прием кај градоначалникот што се организира за гостите и делегациите од збратимените општини Инџија од Србија, Јабланица од Босна и Херцеговина и Пазин од Хрватска.
Ново на Сител
-
Три вработени во ЈСП Скопје обвинети за проневера од 23 милиони денари
-
Уапсен Илир Мета, поранешен претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата
-
Министерот Трипуновски потпиша договор со Управата за хидрометеоролошки работи за користење на финансиска поддршка од 1.000.000 денари
-
Околу двесте лица вакцинирани од утрото во поликлиника „Бит Пазар“
-
Трамп за Волстрит Журнал: На Путин му реков дека ќе го гаѓам центарот на Москва доколку ја нападне Украина
-
Неизвесен за натпреварот со Порто - Борозан нападнат од кучиња скитници
-
Уапсени две лица барани од Интерпол-Австрија и Интерпол–Словачка
-
Намалување на цените на горивата