Француските власти наложија повлекување на „Ајфон 12“ поради превисоко електромагнетно зрачење
Агенцијата за технолошки надзор на француската Влада денеска наложи повлекување од пазарот на одредени „Ајфон“ телефони (iPhone), произведени од компанијата „Епл“ (Apple), бидејќи емитираат превисоко ниво на електромагнетно зрачење.
Агенцијата што ги следи радио-електричните фреквенции, како и изложеноста на електромагнетно зрачење, објави дека „Елп“е обврзан „брзо да го отстрани дефектот со сите достапни средства“. Во соопштението се наведува и дека Агенцијата ќе следи какви промени ќе направи компанијата на тој модел на телефон и дека, доколку процени дека зрачењето не е намалено, „Епл ќе мора да ги повлече“ веќе продадените телефони.
Агенцијата неодамна измери зрачење на 140 модели на телефони, вклучувајќи го и „Ајфон 12“. За време на тестирањето на дуоденумот, беше откриено дека додека телефонот се држи в рака или во џеб, лицето апсорбира 5,74 вати на килограм електромагнетна енергија.
Според законите пропишани од Европската Унија, дозволена е апсорпција од 4,0 вати по килограм, којашто „Ајфон 12“ ја испушта само кога се чува во јакна или торба.
Ново на Сител
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ