Француските специјалци ги вратиле каталонските демонстранти на шпанска територија
Француските специјални полициски сили утринава од границата со Шпанија растераа повеќе стотици каталонски сепаратистички демонстранти, кои речиси 24 часа ја блокираа главната сообраќајница која ги поврзува овој шпански регион со Франција.
Полицијата на француската страна од границата ги потисна демонстрантите на шпанската страна, во местото Ла Џункера, и ги отстрани остатоците од автопатот АП-7, главниот пат од Франција до јужна Шпанија, што беше бликиран во двата правца.
Запрашан што каталонската полиција ќе направи со демонстрантите кои од Франција се вратени назад преку границата, лидерот на каталонската Влада кажа дека нема причина за покренување обвиненија.
-Замоливме оваа операција да се изведе исклучително внимателно, за никој да не биде повреден, изјави тој за каталонското радио.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника