Францускиот парламент денеска ќе гласа антитерористички закон

Француските пратеници денеска ќе гласаат за предлог-законот за борба против тероризмот, два дена по најновиот смртоносен напад.
Според Владата, текстот е „одржлив одговор на одржлива закана", но е критикуван од левицата како „напад врз слободите".
Се очекува предлог-законот да биде изгласан попладне во Националното собрание, по една седмица жестоки дебати и два дена по убиството со ладно оружје на две млади жени на железничката станица во Марсеј. Напаѓачот беше убиен од страна на војската, а групата Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.
Предлог-законот има за цел да воведе во францускиот закон некои мерки од вонредната состојба, усвоени од претходната влада по нападите на 13 ноември 2015 година. Вонредната состојба, која им дава на властите исклучителни овластувања, требаше да биде само привремена мерка, но е продолжена шест пати поради напади и постојаната закана од тероризам.
Меѓу најконтроверзните одредби е можноста без контрола да се стави некој осомничен во куќен притвор. Од друга страна, отсега ќе биде неопходна судска наредба за извршување на „домашни посети", кои ги заменуваат досегашните „административни претреси".
Предвидено е да бидат проширени и можностите за проверки на идентитетот - тие ќе бидат дозволени околу станиците (а не само во објектите како досега), како и во радиус од 20 километри околу пристаништа и аеродроми.
Ново на Сител
-

Во Македонија регистрирани 26 случаи на западно-нилска треска
-

Зголемен интерес за упис на УГД-Штип
-

Младите од Прилеп бараат отворање на Младински културен центар, како и повеќе културни и спортски настани
-

Охрид 19 дена во знакот на водените спортови
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
