Францускиот министер за економија Емануел Макрон поднесе оставка

Оставката на Емануел Макрон од функцијата министер за економија, беше официјализирана од страна на Елисејската палата, веднаш по средбата која тој ја имаше со претседателот Франсоа Оланд, јавува дописникот на МИА од Париз.
Оставката на Макрон се очекуваше, откако тој изрази силни критики на економската политика на владата на Мануел Валс и на претседателот Франсоа Оланд, иако лично тој беше советник на францускиот претседател за екононски прашања, а потоа и министер.
За двете години поминати на функцијата министер, Емануел Макрон постојано провоцираше со своите изјави, најмногу социјалситите во чија влада работеше.
Започнувајќи со критиките на 35-часовната недела, статутот на функционерите (вработените во јавната администрација), потоа изјавувајќи на форумот во Давос дека животот на еден претприемач е потежок од тој на работниците,
На крајот тој го претставува во април 2016 своето движење „Ан Марш“ (Во Движење) кое се залага за политика, која е против текот на социјалистичката догма. Движење преку кое не ги крие неговите претседателски амбиции.
Ново на Сител
-

Дрвокрадци го пустошат дрвниот фонд на Македонија
-

Селекција на отпад
-

Преглед на вестите од светот
-

Колапс на македонската економија ако не се одложи ЕЕС системот за превозниците
-

Тема на денот со Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ
-

Власта обезбеди 2/3 мнозинство за Сејф сити и омбудсманот без СДСМ и ДУИ
-

СДСМ бара враќање на членот 353 од кривичниот законик кои сами го укинаа, за ВМРО-ДПМНЕ ова е лицемерно
-

Филков: Случајот со заѕиданите 350 илјади евра кај судија е симбол на неказнивост
