Францускиот филозоф Пјер Касу-Ногес гостува во Македонија
По повод манифестацијата „Ноќ на идеите“, во организација на Францускиот институт во Скопје деновиве во Македонија престојува истакнатиот француски филозоф, професор на Универзитетот Париз 8 и автор на бројни дела Пјер Касу-Ногес.
Во кафе книжарницата „Магор“ вечер ќе се одржи средба на Филозофскиот кафе - клуб на кој на тема „Науката и имагинарното преку новите технологии“ ќе зборува професорот Касу - Ногес.
Утревечер во ЕУ Инфо центарот во Скопје ќе се одржи дијалог-средба со професорот Касу - Ногес насловена „Имагинарното, разумот и логиката“.
Пјер Касу-Ногес е француски филозоф и автор на повеќе дела во кои се преплетуваат филозофијата, книжевноста и науката. Роден е во Тунис во 1971 година. Неговите истражувања се насочени главно кон односот помеѓу разумот, кој го создава размислувањето и кој доаѓа до израз во науката и филозофијата, и имагинарното, кое доаѓа до израз во книжевноста.
Ново на Сител
-
Граѓаните да не наседнуваат на измамите по телефон
-
Инвестиција од 300 милиони евра за изградба на соларен парк „Стипион“
-
Се зголемува бројот на пациентки со рак на дојка
-
Преглед на вестите од светот
-
Намален бројот на сообраќајки, прекршоците не стивнуваат
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Меѓувладина седница во Будимпешта – Македонија и Унгарија на иста страна за мир во Украина
-
По тензиите во Белата куќа и Лондонскиот самит, клучна недела за Европа и Украина