Француски осуденик држи неколку вработени во затворот како заложници

Во моментов е во тек заложничка криза откако затвореник кој издржува затворска казна во францускиот град Арл е заробен и држи неколку вработени во затворот како заложници.
Осуденик кој издржува казна во затвор во Арл фатил неколку медицински работници и чувари, јавуваат француските медиуми наведувајќи дека единиците за интервенција на полицијата се подготвени да интервенираат, пренесува Телеграф.
Затвореникот поседува ладно оружје и држи во заложништво неколку членови на затворскиот персонал, најмалку четворица медицински работници и еден чувар, пренесува порталот BFMTV.
Локалната полиција е распоредена на местото на настанот, а регионалните екипи за одговор се на пат.
Според дневниот весник La Provence, затвореникот се заканува со рачно изработено сечило.
Според францускиот портал, властите распоредиле и членови на специјален, тактички полициски тим за вонредни ситуации.
„Ги мобилизиравме сите ресурси за да се справиме со тоа. Го следам развојот на ситуацијата во реално време“, уверува Џералд Дарманин, министер за правда, на социјалната мрежа „Икс“, поранешен Твитер.
Ново на Сител
-

Истражување: За првпат повеќе момчиња отколку девојчиња сакаат да стапат во брак
-

ЦУК: Активни три пожари во земјава
-

Големо намалување на цените на дизелот и бензините од полноќ
-

Фабијани повеќе не е тренер на Вардар
-

СДСМ: Погрешено македонското знаме - нов срам, ново понижување од власта на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета за независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше
-

Температури до 40 степени следните два дена, од четврток мало освежување
-

Гренланд спречи неовластени нафтени истражувања на компанија поврзана со Трамп
