Француската пратеничка Танги во посета на Македонија
Пратеничката во Националното собрание на Француската Република и член на „Републиката во движење (РЕМ)“, политичката партија на претседателот Емануел Макрон, Лилјана Танги, која е со македонско потекло, престојува во тридневна посета на Македонија, во рамки на која има средби со државниот врв.
Како што соопшти Француската амбасада, Танги која е потпретседателка на Комисијата за европски прашања, задолжена за Балканот и заменик-претседател на групата за парламентарна соработка помеѓу Франција и Македонија, ќе биде примена и ќе разговара со претседателот на државата Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби и нејзините членови.
Таа ќе има средба и со членовите на Групата за парламентарна соработка помеѓу Франција и Македонија, со членовите на Делегацијата при Парламентарното собрание на Франкофонијата, со државниот секретар во МНР Виктор Димовски и со претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Никола Попоски.
Француската пратеничка заедно со амбасадорот Кристијан Тимоние, ќе го посети Кочани каде што Јавното комунално претпријатие „Водовод - Кочани“ ќе ѝ додели благодарница на Француската влада за добиената финансиска и техничка помош во развојот на ова претпријатие.
Лилјана Танги е прва пратеничка во Францускиот парламент од македонско потекло. Во движењето на претсдеталот Макрон е од април 2016 година, а на 18 јуни е избрана за пратеничка од седмата изборна единица.
Ново на Сител
-
Привршува судењето за убиствата на Вања и Панче, завршни зборови на 2 јуни
-
Шефицата на Европската дипломатија Каја Калас во петок во Скопје
-
Македонија домаќин на 2200 војници од НАТО вежбата „Брз одговор 2025“
-
Форум: Мали држави - Големо влијание
-
Арсовска „фати“ дивоградба во Чаир
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не крие информации за златната виза
-
Преглед на вестите од светот
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат