Француската полиција употреби солзавец и уапси повеќе лица за време на протестите против пензиските реформи
Штрајковите и протестите против пензиските реформи во Франција достигнаа нови нивоа на интензитет откако противниците на владата ги блокираа железничките станици, патиштата и дел од меѓународниот аеродром Шарл де Гол во Париз, јави ДПА.
Полицијата во главниот град употреби солзавец против демонстрантите и уапси десетици лица. Во другите градови, вклучувајќи ги Бордо, Нант и Рен, исто така се одржаа масовни протести.
Уапсени се повеќе од 80 демонстранти, а повредени се 123 жандарми и полицајци, соопшти министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен.
Според податоците на МВР, на протести во земјата излегле 1,9 милиони луѓе. Според главниот синдикат, бројот на учесници во протестите бил 3,5 милиони. Околу 12.000 полицајци беа испратени да го одржуваат редот за време на демонстрациите, јави ДПА.
Штрајковите и протестите се претежно мирни со недели, но во последните денови има зголемување на насилството.
Ново на Сител
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари


