Loading Video...
Свет
12. December 2018 - 19:29

Француската полиција трага по напаѓачот кој во Стразбур уби 3 лица

Француската полиција се уште трага по напаѓачот кој синоќа смртно затсрела три лица а рани 14 во близина на божиќниот пазар во Стразбур. Властите стравуваат дека  можеби побегнал во Германија. Првиот човек на француската полиција соопшти дека 29 годишниот Шериф Шекат бил на спискот екстремисти а нападот го извршил со автоматска пушка.Додека пука извикал Алах Акбар.  Случајот се води како терористички акт. Неколку лица се приведени под сомнение дека имаат врски со напаѓачот. Во Стразбур е прогласен највисок степен на тревога. Во  центарот на градот патролираат голем број полицајци и војници а откажани се сите јавни манифестации.