Француска министерка: Среќа што Трамп нема поддршка за идејата еднаш да се пушта вода во тоалетите
Француската министерка за животна средина Елизабет Борн изјави синоќа дека е среќна што американскиот претседател Доналд Трамп нема поддршка од други земји, во својата нова иницијатива да усвои механизми за заштеда на вода во тоалетите.
Како што објави францускиот РТЛ, Трамп, кој е многу упорен во своите критики за еколошките стандарди усвоени од другите земји, започна нова борба на 6 декември.
-Ние внимателно ги следиме мијалниците, тушевите и другите елементи во бањите. Луѓето пуштаат вода 10, 15 пати наместо само еднаш и така трошат повеќе вода, рече Трамп на средбата со претставници на мали бизниси во Белата куќа, пренесе француската телевизија.
Борн, гостувајќи на РТЛ, рече дека добрата вест е дека Трамп е целосно осамен во својата иницијатива.
– Само САД се залагаат за тие, неверојатно изненадувачки, ставови. Кога САД го напуштија договорот од Париз (за климата), некои како Доналд Трамп предвидоа крај на договорот. Па, со COP25 можеме да кажеме дека не е така. САД преминуваат во контра-насока од историјата, нагласи Борн.
Ново на Сител
-
ЕУ внимателно го следи случајот со истрагата и апсењето на градоначалникот на Тирана, соопшти портпарол на Еврокомисијата
-
Мисајловски: Во НАТО имаме нов контекст насочен кон преговори за мир во Украина
-
Андоновска: Има висок интензитет на вирусот на грип во овој период, најмногу заболени во Скопје и Струмица
-
Кипарската Влада одобри жените доброволно да служат војска
-
Избран нов претседател на Партија на Власите од Македонија
-
Тензично во албанскиот Парламент, седницата прекината
-
Вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град по барање на ОЈО
-
Филипче: Најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб