-->
-->
Франција погодена од топлински бран со „историски интензитет“
-->
Топлински бран со „историски интензитет“ ја погоди Франција, особено југозападниот и централно-источниот дел од земјата.
Метео-Франс издаде црвено предупредување за топлотен бран во 14 департмани, со прогноза дека топлината ќе се интензивира денеска во регионот Оверњ-Рона-Алпи, пишува Ле Фигаро.
„Исклучителен топлотен бран продолжува и се шири: црвениот аларм останува на сила на југозапад до среда, а денеска стигнува до Рона, Изер, Дром и Ардеш“, објави метеоролошката агенција „Ла Шејн“, која истакна дека станува збор за „голем топлотен бран со историски интензитет“.
Температурните рекорди беа срушени вчера во департманот Нова Аквитанија – 42,1 степени беа измерени во Бержерак и 41,6 степени Целзиусови во Бордо.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски и европските лидери кај Трамп
-
АРМ слави 33 години постоење
-
ДИК: Само со два потписи независните ќе учествуваат изборите
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК одлучи кандидатурата за изборите да се одвива согласно член 63 - со 2 потписа
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог
-
Преглед на вестите од светот
-
Се чека одлуката на ДИК за ново упатство - партиите го обвинуваат ДУИ за неуспешните измени