-->
-->
Франција ќе забрани користење мобилни телефони во училиштата
-->
Франција од следната година на основците и средношколците ќе им забрани користење мобилни телефони на училиште, најави министерот за образование Жан Мишел Бланкер.
Забраната, како што е најавено, ќе стапи на сила на 3 септември 2018 година.
Бленкер прецизираше дека учениците ќе можат да носат мобилни на училиште, но нема да бидат кај нив, туку во плакарчињата. Тој додаде дека телефоните може да им бидат достапни во итни ситуации или за наставни цели.
Францускиот синдикат на наставници смета дека ќе биде „исклучително тешко“ да се примени таа мерка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крушевчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола
-
Иран вели дека го задржува правото на каков било одговор на „скандалозните“ американски напади
-
АХВ: Не издаваме никакви HACCP дозволи, туку само ја контролираме работата на операторите со храна
-
Трамп му се закани на Иран со нови напади ако не склучи мир
-
Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди брегот на јапонскиот остров Хокаидо
-
Сончево со температура до 34 степени
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава