-->
-->
Франција ја победи Германија во сенка на терористичките напади
-->
Пријателскиот фудбалски натпревар Франција – Германија кој беше еден од најпосетените од сите синоќешни контролни дуели помина во втор план, откако во еден момент се слушна силна експлозија на „Стад д'Франс“ по што, според првичните информации од француските медиуми имало три загинати лица кај еден од влезовите на стадионот.
Надлежните одлучиле мечот да се доигра за да не настане поголема паника кај присутните 80 илјади гледачи која би предизвикала опасност од стампедо.
Средбата заврши со 2:0 за Французите со головите на Оливие Жиру во првото и Андре-Пјер Жињак во второто полувреме.
По завршувањето на натпреварот речиси целата публика се симна на теренот очекувајќи информации што се случува надвор од стадионот.
Бројот на загинатите во синоќешните терористички напади во Париз достигна 126, а преку 200 лица се ранети. Прогласена е вонредна состојба на целата територија на Франција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дамева бара одговорност за судијата Нанев, тој тврди дека Дамева го омаловажува бидејќи не трпи успешни судии
-
Влада: Договорот на Државната лотарија и Хеј ДООЕЛ не е само штетен, туку и за кривично гонење
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски и Муцунски патуваат во Брисел
-
Таравари: Ахмети да се навикне на опозиција
-
Готов предлогот за есенската кошничка
-
Учениците со посебни потреби добија асистенти
-
Преглед на вестите од светот