Франција и Германија предложиле да биде поканет рускиот претседател Владимир Путин на самит со ЕУ
Франција и Германија предложиле да биде поканет рускиот претседател Владимир Путин на самит со Европската унија како дел од поширокото продолжување на односите на Унијата со Русија, објави Гардијан.
Предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел следи по состанокот меѓу американскиот претседател Џо Бајден во Женева и рускиот претседател, а приврзаниците на оваа идеја велат дека европските лидери можат да ги дадат истите директни пораки за руското однесување додека ја држат вратата отворена за компромиси и соработка.
Ова е објавено ден откога руската војска соопшти за предупредувачи истрели кон британски воен брод во Црното Море во близина на Крим, тврдење што Велика Британија го негира.
ЕУ не одржал самит со Путин од анексијата на Крим во 2014 година и воведе неколку санкции против Русија.
„Треба да разговараме како да излеземе од оваа негативна спирала … но треба да одиме обединети напред“, пренесе весникот изјава од висок дипломат на ЕУ.
Не е веднаш јасно дали во предлогот ќе бидат вклучени сите 27 европски лидери или само претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.
Ново на Сител
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
-

Физички нападнат гинекологот Огненовиќ додека прегледувал пациенти во својата ординација
-

Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар
