-->
-->
Франција го зголемува воениот буџет
-->
Француската Влада планира да го зголеми воениот буџет во периодот 2019 – 2025, кој збирно ќе изнесува 295 милијарди евра.
Нацрт-законот за воен буџет, што е претставен денеска на седница на Владата, предвидува сума од 295 милијарди евра за општи одбранбени трошоци во тој период.
Воениот буџет од 34 милијарди евра во 2018 година, до 2022 годишно ќе биде зголемуван за 1,7 милијарди евра. Од 2023 година до 2025 година зголемувањето ќе изнесува по три милијарди евра. Тие пари се наменети за модернизација на оружје, подобрување на одбраната од кибер криминал и за разузнавањето.
Претседателот Емануел Макрон ветува дека ќе се зголемат воените издвојувања за два отсто БДП до 2025 година, согласно барањата на НАТО од сите членки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши