Франција го одбрани олимпиското злато во одбојка
Француската машка одбојкарска репрезентација ја одбрани титулата олимписки првак, откако попладнево во финалето на Игрите во Париз ја совлада Полска со максимални 3-0 во сетови (25-19, 25-20, 25-23).
Жан Патри беше најефикасен француски одбојкар со 17 поени, а ветеранот Бартош Курек со 10 поени ја предводеше Полска.
За Французите ова е втор олимписки медал и втор златен. Освен тоа, Франција стана третата репрезентација која успеала да го одбрани златото во машка одбојка, по СССР (1964, 1968) и САД (1984, 1988).
Од друга страна, актуелниот европски првак Полска го освои вториот олимписки медал, а прв по пауза од 48 години и златото од Монтреал во 1976 година.
Бронзата ја освои селекцијата на САД која во петокот ја совлада Италија со 3-0 (25-23, 30-28, 26-24).
Ново на Сител
-
Фицо најави нормализирање на односите помеѓу Словачка и Русија
-
Француската полиција елиминира Тунижанец откако тој со нож избоде пет лица
-
Успехот создава зависност да истражуваш уште повеќе | Ангела Шаровиќ Иванова | Sitel Podcast 112
-
Вучиќ првпат откри што ќе работи откако ќе ја напушти власта
-
Путин: Русија никогаш не била против членството на Украина во ЕУ
-
Арсовска: Ова е системска победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка, за напад кој претставуваше и атак врз институцијата градоначалник
-
Костадинов: Струмичките пожарникари ќе бидат најплатени во државата, плата од 80.000 денари
-
Македонија за една деценија изгубила 30.000 ученици