Франција го мина прагот од 10. 000 мртви од Ковид-19
![]()
Франција го премина прагот од 10. 000 мртви од Ковид-19, со нови 607 смртни случаи во болниците и 820 во старските домови, во последните 24 часа, јави дописникот на МИА.
Генералниот директор за здравство Жером Саломон, откако потсети дека Европа е епицентарот на епидемијата, изјави дека Франција брои нови 305 пациенти со инфекцијата од Ковид-19, односно вкупно 30.000. Од нив 7.131 пацинет се на интензивна нега, од кои 61 отсто се на возраст од 60 до 80 години, 104 пациенти се помлади од 30 години. На интензивна нега биле пратени нови 518 пациенти. Иако бројот не се зголемува, сепак тој покажува дека епидемијата напредува.
Од почетокот на март, во Франција се регистрирано 10.328 смртни случаи, од кои 7.091 во болниците и 3.237 во старските домови. Меѓу починатите 82 отсто се на возраст од над 70 години.
Од болница излекувани излегле од почетокот на кризата 19.337 лица.
Жером Саломон, притоа оцени дека старските домови имаат потреба од засилување, исклучувајќи ја засега можноста да се размислува за подигање на мерките за ограничено движење.
Ново на Сител
-

Бројот загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 3.342
-

Продолжува комисиската расправа по предлог ребаланост на Буџетот
-

Трамп повторно ја нападна Мелони на социјалните мрежи
-

Во Техеран почна погребната поворка во чест на Али Хамнеи
-

Во Турција приведени повеќе од 100 анти-НАТО демонстранти
-

Сончево време со мала до умерена облачност
-

Русија тврди дека Украина одбила прекин на огнот во Костјантинивка
-

Вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, уапсени пет лица
