Франција ги прекинува заедничките воени операции со малиските сили
По минатонеделниот нов државен удар во Бамако, официјален Париз испрати јасно предупредување до воената хунта дека ќе ги прекине заедничките воени операции со малиските сили, јави дописникот на МИА.
Француското Министерство за одбрана соопшти дека „привремено ги прекинува заедничките воени операции со малиските сили, како и националните советодавни мисии“. Операцијата „Баркене“ во регионот Сахел, против вооружените џихадистички групи, продолжува самостојно, наведува Париз. Мисиите на Такуба, „ударната сила“ составена од специјални единици посветени на поддршка на малиските единици во борбите, исто така, се ставаат во мирување.
-Овие одлуки ќе бидат преоценети во наредните денови во светло на одговорите што ќе ги дадат малиските власти, додава Министерството за одбрана, потсетувајќи на „црвените линии“ формулирани од Африканската унија, со кои од Мали се побара да го гарантира процесот на политичка транзиција во Бамако.
Откако полковникот Гојта се назначи за претседател на земјата на 28 мај, меѓународната заедница, и на прво место Франција, е зафатена од сомнежи за неговите вистински намери и ветувањето за „враќање на демократската нормалност во 2022. Ситуација која е неприфатлива за Париз, каде што се обидува да излезе од стапицата на воената операција која се наоѓа во ќорсокак.
Францускиот претседател, Емануел Макрон, минатата недела во неделникот „Журнал ди Диманш“ директно порача дека „не би останал покрај земја во која веќе нема демократски легитимитет и транзиција“. Тој, исто така, предупреди на искушението за исламизмот во Мали.
-Немаме намера да останеме таму засекогаш, додаде тој, поставувајќи го повторно прашањето за повлекување. Франција е вклучена во Сахел од 2013 година. Повеќе од 5.000 војници се распоредени таму. Тактичките воени успеси против Даеш и Ал Каида не спречија влошување на безбедносната состојба. Недостатокот на политички одговор на кризата во Сахел и неуспехот во центарот на Мали предизвика сомнежи, кажа Макрон.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
-

Филипче: Преговорите за ЕУ зависат само од власта
-

Николоски: Првите километри од автопатот Прилеп-Битола готови следната пролет, за еден месец меѓуградски воз помеѓу двата града
-

Еколошката „бомба“ кај Пробиштип конечно ќе се санира
-

Преглед на вестите од светот
