Свет
11. January 2016 - 11:14

Франција бара преговори за отпишување на грчкиот долг

Новите преговори за отпишување на грчкиот долг треба да започнат што е можно поскоро, изјави францускиот министер за финансии Мишел Сален.

- Колку побрзо започнат преговорите за грчкиот долг, толку ќе биде подобро за сите нас, изјави Сален по средбата во Париз со неговиот грчки колега Еуклид Цакалотос.

Како што јави АНА-МПА, Сален нагласи дека Франција смета оти е можно постигнување договор за отпишување на грчкиот долг, но дека при тоа не треба да се преминат „црвените линии“ поставени од останатите европски земји.   

- Побрзото надминување на прашањето со грчкиот долг е во интерес и на Грција, бидејќи на тој начин земјата ќе биде посамостојна во донесувањето одлуки поврзани со нејзиниот развој, рече францускиот министер за финансии. 

Тој нагласи дека од Цакалотос добил уверување оти грчката Влада е решена да ги исполни преземените обврски на среден и на долг рок.

Во врска со учеството на Меѓунардониот монетарен фонд (ММФ) во програмата за спас на Грција, Сапен рече дека ММФ е дел од таа програма и дека не може да биде исклучен од неа. 

Цакалотос од своја страна изјави дека во врска со учеството на ММФ во програмата, треба да биде постигната рамнотежа меѓу неговите обврски и наглежности. 

Тој нагласи дека нема да има ново намалување на пензиите во Грција, но додаде дека е неопходно спроведување на реформи на пензискиот систем со цел да се избегнат дополнителни мерки на штедење во таа сфера.

- Целата на Грција е да се изработи сериозна среднорочна стартегија, која ќе обезбеди одржливост и перспективи на грчката економија, потеницра Цакалотос.