-->
-->
Франција 2017: Борба за финале (Франција - Словенија)
-->
Во првото полуфинале на Светското првенство во ракомет вечерва во Париз ќе играат селекциите Франција и Словенија. Овие две селекции во последните 15 години одиграле девет меѓусебни дуели. Франција има шест победи, а Словенија две и еден дуел завршил нерешено (26:26 на СП 2005). На претходното првенство во Доха Франција ја победи Словенија со 32:23.
На ова Светското првенство Франција која е домаќин и актуелен светски првак има седум победи од исто толку одиграни натпревари, додека Словенија постигна пет победи и имаше едно реми (Тунис) и еден пораз (Шпанија).
За Словенија ова ќе биде второ полуфинале на Светските првенства. Првото го играше пред четири години на шампионатот во Шпанија. Франција од 1993 година од 13 шампионати на 10 играла во полуфиналето и има освоено пет шампиониски титули (1995, 2001, 2009, 2011 и 2015).
Натпреварот ќе го судат германските судии Ларс гепел и Маркус Хелбиг, кои на овој шампионат на Словенија и судеа два натпревара од групната фаза со Македонија (29:22) и со Шпанија (26:36).
Почетокот на натпреварот е во 21 часот. Утре во второто полуфинале играат Хрватска и Норвешка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени 4 лица за управување возило под дејство на алкохол
-
Во изминатите 24 часа 33 пожари на отворено од кои 16 се изгаснати, а пет под контрола
-
Израел почнува „тактичка пауза“ на воените дејствија во три области во Појасот Газа
-
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Македонскиот фолклорен фестивал Преспа
-
Официјално: Ѓекереш нов играч на Арсенал
-
Македонија по втор пат подобра од Швајцарија
-
Сончево и топло, попладне услови за дожд