-->
-->
Франц: Можеме против Будуќност
-->
Фудбалерите на Работнички утревечер во рамките на Лига Европа го играат првиот дуел со екипата на Будуќност во рамките на првото квалификациско коло.
Стартот е во 18ч. на Филип Втори. Во пресрет на првиот дуел „романтичарите“ одржаа прес конференција на која ги најавија своите амбиции во овој двомеч.
Шефот на стручниот штаб Томислав Франц информираше дека екипата е драстично подмладена со заминувањето на голем број стандардни фудбалери:
„ Ова е сосем нов тим, драстично подмладен но сепак имаме квалитет да се пласираме во следното коло. Од Блаже Илијоски, Милан Илиевски , Борче Маневски и другите кои успешно настапија во ланското издание на Лига Европа денеска недостасуваат речиси 10-тина играчи. Дел од младите веќе ги знаете бидејќи играа во финишот од првенството. Тука се уште неколку нови имиња кои треба брзо да се вклопат во нашата игра и токму нивната младост очекувам да биде наш адут, да играат поагресивно, помотивирано против Будуќност екипа која е сигурно големо име на екс-југословенскиот фудбал, екипа која дава голем број репрезентативци во црногорскиот фудбал и како таква е предизвик за нас“- изјави Франц пред новинарите.
Првиот стратег на „романтичарите“ најави дека Алтипармаковски иако заминува во Интер Запрешиќ сепак ќе ги одигра двете средби со Будуќност а за потоа не се знае.
Нов капитен на тимот е Душан Трајчевски:
„Секогаш како дете сонував да бидам капитен на некоја екипа и еве овој сон ми се оствари. Со моите соиграчи посакуваме било каква победа на првата средба со Будуќност иако најдобро би било тоа да биде без примен гол“- најави Трајчевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Гостивар и Тетово
-
Митинзи на СДСМ и коалицијата во Гевгелија и Валандово
-
Застрелан носителот на листа на ДУИ во Липково
-
Уапсени управители на старечки дом во Капиштец, се сомничат за нехуман третман на корисниците
-
Тема на денот со Борис Ѓорѓиевски, Дојче Веле
-
Почнува пријавување за бесплатната вакцинација против грип за ризичните групи
-
Апсење за нехуман третман на стари лица
-
4% инфлација во септември