Фpлете ги овие работи од паричникот за да имате пари!
Постојат неколку теории за кои се верува дека доколку доследно ги почитувате, ќе ви донесат финансиски приход.
Прво, редовно вадете пари од паричникот, но и не заборавајте да го дополнувате. Паричникот треба да е лично ваш, и треба да го отварате колку што можете почесто. Можете да го чувате во спалната соба или во фиока на бирото.
Кога бирате паричникот, внимавајте да биде златна боја или црвено златна за жени, кафеав со златни детали за мажи.
Исто така, паричник треба секогаш сами да си купувате, бидејќи не знаете каква судбина и енергија во однос на финансиската состојба има лицето што ви го купило. Доколку сепак добиете паричник на подарок, подобро би било да не ви го дадат празен, затоа што се верува дека таков и ќе остане.
Парте во паричникот треба секогаш да ви бидат убаво наредени, xaотичен паричникот привлекува и финансиска нeстабилност, но и xaос во домот.
Во паричникот никогаш не треба да чувате сметки, дури ниту платени, бидејќи така привлекувате други сметки. Пожелно е визит картичките да ги носите оддвоено од парите.
Секогаш во паричникот носете повеќе пари отколку што ви требаат, бидејќи колку повеќе имате, толку повеќе пари ќе привлечете.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи