Фотографија од домашна туристичка дестинација на платформата „Дома си е дома“
Министерството за економија во текот на денешниот ден ја замени фотографијата која е употребена на платформата „Дома си е дома“ (www.domasiedoma.gov.mk и www.pushimenevend.gov.mk ) преку која се реализира мерката за ваучери за туризам за граѓани со ниски приходи. Новата фотографија е од домашна туристичка дестинација.
-Фотографијата која е употребена на платформата „Дома си е дома“ е преземена со сите авторски права, а во текот на денов ја заменивме со нова фотографија од домашна туристичка дестинација, соопшти Министерството за економија.
Оттаму посочуваат дека низ целата промоција на мерката, преку оваа Платформа, акцентот бил ставен на промовирање на туристичките потенцијали на Република Северна Македонија.
-Платформата ќе биде доградена со нови податоци за капацитети и места каде нашите граѓани ќе можат да ги користат ваучерите за поттикнување на домашниот туризам, кадешто дополнително сите граѓани кои ќе одлучат да летуваат во нашата земја ќе можат да ги видат убавините на државата, потенцираат од Министерството за економија.
Ново на Сител
-
Нивото на Охридското Езеро постојано осцилира
-
За еден ден домаќинките од Општина Босилово подготвија 220 килограми ајвар
-
Преглед на вести од светот
-
Пo 50 години конзервација на мозаиците на локалитетот Стакина чешма во Валандово
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со екс амбасадорот во Бугарија, Марјан Ѓорчев
-
Без новиот Закон за заштита на конкуренцијата ќе нема кој да контролира трговци
-
Љутков: Изградбата на Универзална е стопирана, бидејќи не се знае во чие владение е салата, следуваат кривични пријави