Фотографија на балкански рис снимена во Националниот парк „Галичица“
Млада единка на загрозениот вид балкански рис е фотографирана на специјално поставените фотографски апарати наменети за следење на активностите на срните во Националниот парк „Галичица“.
Станува збор за мошне убава и јасна фотографија на млад примерок на рисот, што се помалку го има во нашите шуми.
Андон Бојаџи, раководителот на Одделението за заштита на природата од НП „Галичица“, појаснува дека изминатите 18 месеци специјалните сензор камери имаат направено повеќе фотографии на единки на балканскиот рис и тоа на повеќе локации, но оти таквите податоци не се доволни за да се утврди нивната популација и бројност.
Идентификацијата на единките преку фотографии е отежната, бидејќи таа се утврдува според шарите на крзното на рисот, што е речиси невозможно преку фотографии со послаб квалитет.
Во соработка со Македонско еколошко друштво се прават напори да се процени популацијата на балканскиот рис, вклучително според бројноста на срните што се дел од неговата исхрана.
– Таа информација ни е потребна за да можеме некако да процениме колкав е бројот на рисови присутни во НП „Галичица“ и каква е состојбата со пленот. Посредно да се проанализираат условите во живеалиштето за да можеме посоодветно да планираме мерки и активности за поддршка на популацијата на Балканскиот рис, вели Бојаџи.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста