Спорт плус
5. December 2015 - 17:20

(ФОТО): Контрола за македонската футсал репрезентација

 Во големата сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска се одигра ревијален натпревар меѓу македонската футсал репрезентација и најдобриот тим средношколци.
Покрај последната проверка на македонскиот тим пред претстојните квалификации за Светското првенствозакажани за периодот 9 - 13 декемвриво Италија, целта на овој натпревар беше и афирмација на овој спорт кај младите од Македонија. За таа цел во тимовите беа вклучени и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески кој настапи за тимот-победник од Државните натпревари во футсал, а селекторот на македонската репрезентација Скендеровски во тимот на репрезентацијата. 
 
Натпреварот заврши 10:6 зарепрезентацијата.
 
Идејата на Агенцијата за млади и спорт и Федерацијата на училишни спортови за промовирање на футсалот во Македонија се покажа како успешна и беше поздравена од страна на македонскиот футсал тим.