-->
-->
Форум за кадровски менаџмент
-->
Експерти, претставници на банките и менаџери денеска и утре на „Форумот за кадровски менаџмент“ ќе дискутираат за предизвиците и можностите за развој на компаниите и за вработениот кадар како клучен фактор за успех на компанијата.
Организатори на форумот се Бизнис центарот на Скопски плански регион, Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и општина Аеродром.
Розалија Карчицка Василевска, проектен координатор на Бизнис центарот при Скопски плански регион информира дека форумот како потреба е идентификуван во рамки на серијата информативни и советодавни настани за мали и средни претпријатија.
- Поканети се презентери од областа на кадровскиот менаџмент и човечките ресурси кои со своите експертизи, знаења и новите алатки што се применуваат во оваа областа ќе можат да ги запознаат нашите слушатели, претежно малите и средни претпријатија, со тоа како да ја подобрат ефективноста на своите вработени, ефективноста во менаџирањето и како да постигнат поголема профитабилност на своите компании, рече Карчицка Василевска.
Извршниот директор на ССК Митко Алексов истакна дека квалитетното раководење на компанија и нејзиниот успех во голема мера зависи од кадровскиот менаџер, односно од правилното и квалитетно менаџирање со вработените во компанијата и од нивната професионална надградба, како и соодветна внатрешна организација на самата компанија.
- Добриот кадровски менаџмент во една компанија е двигател на напредокот и успехот на истата компанија. Преку личниот развој на вработените и коучингот, компанијата вложува и придонесува за својата зголемена профитабилност, рече Алексов.
Учесниците ќе имаат презентации и ќе дебатираат на актуелни теми од кадровскиот менаџмент, за управување со таленти, трендовите на пазарот на трудот, личниот развој на вработениот и коучингот, социјална интелигенција, справување со тешките карактери на работа, како и за реконструирањето на организацијата за воведување на систем на награди и унапредување на работни места.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДЗР: Владата има застарен софтвер
-
Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС
-
8-дневен притвор за насилникот што влета на терен - синот исклучен од ФФМ
-
Пратениците без нова иницијатива за изборни измени – Собранието со декларација ќе гарантира фер избори
-
Продолжуваат партиските препукувања пред локалните избори
-
Алиу се сретна со Кедев – од 15 септември приватните болници задолжително ќе ги пријавуваат сите прегледи и интервенции во МЗ
-
Голема акција на финансиската полиција: Уапсени 7 лица, едно е во бегство
-
Обвинителството бара притвор за таткото насилник кој претепа двајца млади фудбалери во Штип