Формирано здружение за еднородителските семејни заедници „Една може!“
Во Скопје официјално е формирано здружение на еднородителски семејни заедници Една може!, кое ќе се залага за остварување севкупна општествена грижа и третман на самохраните мајки и остварување на нивните економски, социјални, хуманитарни, здравствени, образовни и културни права.
Здружението „Една може!“ во денешното соопштение до медиумите наведува дека е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓанки.
- Ние, самохраните мајки од земјава решивме да се обединиме и да се изборуваме за нашите потреби преку зајакнување на капацитетите за одржливост на нашите семејства... Ќе изнаоѓаме правни советни рамки за институционална вклученост, за воведување специфични законски правни, социјални, работодавни, здравствени, образовни и социјални рамки согласно потребите на еднородителските семејни заедници, се наведува во соопштението.
Од здружението, кое е формирано на 4-ти овој месец, истакнуваат дека ќе се борат за секој поединец и ги повикуваат сите кои се чувствуваат засегнати да им се приклучат.
Ново на Сител
-
Велика Британија со построги санкции против работодавците кои ги експлоатираат странците
-
Од утре претежно облачно со врнежи од дожд и снег
-
Русија врати седум украински деца со посредство на Катар
-
Ем земале социјална помош ем воделе луксузен живот, брачен пар од Штип организирал интернет коцкање
-
Криминална организација во Грција преку телефонски измами се стекнала со речиси три милиони евра
-
Пронајдени пушки и муниција во Десово
-
22-годишна девојка прегазена вчера во Скопје
-
Во делови од Сеул паднаа над 40 сантиметри снег, откажани повеќе од 140 летови