Формирани двојките за плејоф и плејин во НБА-лигата
Регуларниот дел од сезоната во НБА-лигата заврши и познати се двојките за плејофот и плејин турнирот.
Најпрво ќе се играат мечевите од плејин од утре до 21 мај, а потоа стартува разигрувањето за трофејот. Победниците од дуелите Лејкерс – Голден Стејт и Бостон Вашингтон ќе бидат седми носители на Западот, односно Истокот, а поразените ќе имаат уште една шанса да изборат плејоф соочувајќи се со подобрите од пресметките Мемфис – Сан Антонио, односно, Индијана – Шарлот.
Плејофот започнува на 22 мај.
Западна конференција:
Јута (1. носител) – победник од Мемфис/Сан Антонио – Лејкерс/Голден Стејт (8. носител)
Клиперс (4) – Далас (5)
Денвер (3) – Портланд (6)
Феникс (2) – победник од Лејкерс/Голден Стејт (7).
Источна конференција:
Филаделфија (1) – победник од Индијана/Шарлот – Бостон/Вашингтон (8)
Њујорк (4) – Атланта (5)
Милвоки (3) – Мајами (6)
Бруклин (2) – победник од Бостон/Вашингтон (7).
Ново на Сител
-
Јаневска: Kомитите се дел од историјата на Македонијa, УЧК и нејзините симболи за оваа држава не значат ништo
-
Гвардиола: Сезоната е долга, имаме за што да се бориме
-
Нема да има публика на натпреварите од 17. и 18. коло во ПМФЛ
-
Поевтинуваат горивата
-
ЕХФ го казни Пелистер
-
Повеќе од 25 возила меѓу кои трудници и мали деца заглавени во Леуново | ФОТО
-
Фискалниот совет предлага зголемување на старосната година за пензионирање на 67 години
-
Сообраќајот во зимски услови, на Ѓавато магла со видливост од 200 метри