Македонија
27. September 2023 - 16:37

Формирана првата Британска бизнис заедница

Британски компании кои работат во Македонија ја формираа првата Британска бизнис асоцијација.

Земјава е најголемиот трговски партнер на Обединетото Кралство во Западен Балкан. А според податоците на Специјалниот пратеник за трговски врски со Западен Балкан, британската Џонсон Мети соочува 16% од бруто домашниот производ на Македонија. Вели дека и други компании од Островот се заинтересирани за инвестирање тука.

Според британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон, политичките турбуленции кај нас, но и во регионот, особено по последните случувања на Косово не се пречка за идни инвестиции.

И британските компании се соочуваат со недостаток на работна сила, но нивните претставници велат дека тоа е глобален проблем, а не само кај нас. Затоа, велат дека неопходно е да се инвестира во образованието кои би имале долгорочни ефекти.