Формиран новиот состав за Советот на ИКТ во правосудството
Министерот за правда, Кренар Лога во текот на вчерашниот ден донел одлука за основање на нов Совет за координирање на информатичко- комуникациска технологија во правосудните органи кој ќе има 13 членови, информираат денеска од неговиот кабинет.
Советот за ИКТ има за цел дефинирање и имплементирање на политиките за информатичко-комунициска технологија во правосудство, како и следење, спроведување и ревизија на Стратегијата за ИКТ во правосудство.
- За членови на Советот се именувани: Влатко Милошевски - Јавно обвинителство-Скопје, Даут Рустеми-Апелационен суд Гостивар, за прв пат во советот има претставник од БЛУПРИНТ групата за реформи во правосудството , Александра Цветаноска од Здружение на млади правници, Иван Џолев-Основен Кривичен суд Скопје , Ислам Абази -ОЈОГОК, Сања Пандилов -Академија за судии и јавни обвинители, Сања Димовска-Министерство за правда, Анита Андоноска-Судски совет, Јелена Колева Догазанска-Совет на јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоска- Вишо Јавно обвинителство Битола, Шпенд Деваја- Врховен судија и член на Здружение на судии, Ѓорѓи Андонов-судија во Основен суд Штип, Наим Ферати-МИОА, информираат од Кабинетот на министерот Лога.
Составот на Советот, се вели во соопштението, е избран по претходни консултации со сите релевантни фактори и стручната јавност. Тој ја следи имплементацијата на Стратегијата за ИКТ во правосудството и Акцискиот план, ги дефинира и имплементира мерките и активностите за дигиталзиација на правосудството, учествува во подготовка на закони, други правни акти и презема мерки од областа на примената на ИКТ во правосудните органи. Мандатот на членовите е 2 години.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм
-
Финансиската полиција со кривични пријави од над една милијарда денари изминатата година
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Пратенички прашања во Собрание
-
Муртезани: 26 земји во Унијата го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија
-
Македонија ќе одвои 5% од БДП за одбраната, експертите: Одлуката е неопходна, а парите ќе се вратат во економијата
-
Африм Гаши негира негова смена од спикерското столче - во ВРЕДИ се било во ред