Форбс/Русија – 700.000 луѓе ја напуштиле Русија по повикот за мобилизација

Речиси милион Руси ја напуштија земјата во последните две недели откако рускиот претседател Владимир Путин ја објави својата наредба за делумна мобилизација.
Според Форбс Русија, таква оценка за масовната емиграција дава извор од Кремљ. Друг извор на публикацијата, кој е запознаен со тајните анализи на претседателската администрација, тврди дека цифрата е 600-700 илјади луѓе. Според министерот за внатрешни работи на Казахстан, Марат Ахметџанов, повеќе од 200.000 руски државјани пристигнале во Казахстан од 21 септември, кога Путин најави „делумна воена мобилизација“. Многу Руси побегнаа и во Грузија, Монголија, Турција, Ерменија и Финска. Многу руски државјани побегнале во Ерменија и Турција, но нивниот број не е познат.
Повеќето ја минуваат границата со туристички визи и не е јасно дали ќе се вратат. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека планираат да мобилизираат околу 300.000 луѓе. Русите кои подлежат на воена служба и кои сакаат да ја напуштат Руската Федерација почнаа да добиваат покани на границата со Грузија. На 30 септември, рускиот амбасадор во Хелсинки Павел Кузњецов изјави дека од 21 септември во Финска влегле околу 60.000 Руси, од кои 80 отсто транзитираат во други европски земји.
Според миграциската служба, околу 100 лица поднеле барање за азил. На почетокот на септември, уште пред објавувањето на делумна мобилизација, Росстат објави дека од почетокот на годината Русија ја напуштиле 419.000 луѓе, што е двојно повеќе од истиот период минатата година.
Ново на Сител
-

ЕУ ги осуди израелските напади во Јужен Либан и повика на почитување на примирјето со Хезболах
-

Руте: Нуклеарните вежби покажаа дека НАТО има силни сили за одвраќање
-

Лишени од слобода возачи во Валандово, Битола и Кочани, возиле под дејство на алкохол
-

Приведени две лица од дебарско поради грабнување и силување
-

УХМР: До вторник облачно време со дожд, потоа стабилно и суво
-

Портпаролката Марија Захарова го исмеа Бајден
-

Превземени мерки за случајот во Струмица, малолетници објавиле видео на „Тик ток“ како вршат насилство врз врсник
-

Најмалку шест лица загинаа во пожар во магацин за парфеми во Турција
