Бизнис
29. December 2016 - 20:06

Форбс: Македонија 35-та на листата најдобри земји за водење бизнис

Македонија  е на 35 место од 139 земји на листата на Форбс за најпогодни за водење бизнис.

Две позиции погоре од претходната година, Македонија е втора најдобро рангирана земја на Балканот после Словенија.

Највисоко котира во категориите бирократија и даночни олеснувања каде е 4 и на 9 место во светот. Според критериумот заштита на инвеститори е 13-та, според монетарната слобода 25-та,  во слободна трговија 41, за иновации 51, користењето технологија 61-та, за имотни права 65-та,  според нивото на корупција 64-та.

 -Од својата независност, Македонија постигна напредок во либерализацијата на економијата и подобрување на бизнис климата, но заостанува во балканскиот регион во привлекување на странски инвестиции. Земјата одржува макроекономската стабилност и наспроти глобалната финансиска криза со спроведување прудентна монетарна политика, која ја одржува стабилна домашната валута, стои во образложението.

На првата позиција на листата на Форбс Шведска, а по неа следат Нов Зеланд, Хонг Конг, Ирска и Велика Британија.

Форбс листата ја прави врз основа на извештаи на ЦИА, Фридом Хаус, Херитиџ, Транспаренси интернешнл, Светска банка и Светскиот економски форум.