Фондацијата Елеуса обезбеди Велигденски пакети за над 200 семејства
Над 200 семејства од струмичката епархија кои се наоѓаат во социјален ризик ќе имаат пристојна празнична трпеза и достоинствен Велигден. Под мотото Љубовта е давање, а давањето е радост, фондацијата Елеуса обезбеди празнични Велигденски пакети за семејствата кои не се во можност да си ги обезбедат ниту основните намирници. Подготовката на пакетите беше реализирана со поддршка на хуманите граѓани и општествено одговорните компании и е дел од редовните акции што ги организира фондацијата во пресрет на големите празници.
Од Фонадација Елеуса велат дека она што радува е се поголемиот број волонтери во нивните редови, но и зголемениот број на граѓани и компании што сакаат да донираат и помогнат. Но од друга страна загрижува фактот што расте и бројот на семејствата кои не се во можност да си обезбедат ниту основен оброк.
Независно од празничните акции на фондацијата што се реализираат пред големите христијански празници тече и проектот топол оброк за сите преку кој голем број лица секојдневно седум дена во неделата добиваат топол оброк. Од Елеуса најавуваат дека нивната хуманитарна мисија ќе продолжи и во иднина и затоа апелираат до сите граѓани да дадат, да сподеат, да помогнат бидејќи љубовта е во делата.
-
Зoран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар