Фондацијата „Ангелина и Божин Павловски” ќе доделува награда за најдобра колумна

Фондацијата „Ангелина и Божин Павловски” од 2019 година ќе доделува награда за најдобра колумна. Таа ќе го носи името на неодамна починатата Ангелина, сопруга на академик Божин Павловски и лектор по македонски јазик од осумдесеттите години на минатиот век.
Наградата изнесува 3.000 австралиски долари (120.000 денари). Предлагачи за наградата можат да бидат главните или одговорни уредници на медиумите што го негуваат жанрот на колумната (весниците и порталите), а за наградата ќе решава жири составено од пет угледни публицисти и лектори по македонски јазик.
- Двата основни критериума што треба да ги одразува наградената колумна се: да биде на беспрекорен македонски јазик и да содржи актуелна тема. Од еден автор може да конкурираат до три колумни. Предлозите ќе се примаат најдоцна до 17 август 2019 (роденденот на Ангелина), наградата ќе биде соопштена на 12 септември 2019 година (денот кога го напушти овој свет), соопшти организаторот на конкурсот за наградата.
Предлозите ќе се испраќаат на електронската адреса на Australian Macedonian Weekly: amw@westnet.com.au.
Ново на Сител
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
