Фонд на ОН: Ивестирање во девојчиња може да донесе на економијата милијарди долари
Ако државите стават крај на принудните бракови, на детскиот труд и на други такви појави кои штетат на здравјето и правата на девојчињата, економијата може да добие милијарди долари, соопшти Фондот на ОН за население (ФООНН).
Вкупно 16 милиони девојчиња на возраст од 6 до 11 години никогаш не посетувале школо, многу од нив се принудени на брак или работа за да ги помогнат финансиски семејствата, се вели во извештај на фондот.
Земјите во развој може да добијат по 21 милијарда долари ако сите 10-годишни девојчиња завршат средно образование. Извештајот е објавен откако светските лидери прифатија амбициозен план од неколку глобални цели за надминување до 2030 година на сиромаштијата и нееднаквоста.
Според извештајот, 47.700 девојчиња на ден се мажат пред да наполнат 18 години, а на три четвртини од девојчињата што работат не им се плаќа.
Во извештајот се препорачува сиромашните семејства да добијат парична помош за да бидат стимулирани да ги испраќаат ќерките на училиште најдолго што може.
Ново на Сител
-
Израел ослободи 70 Палестинци, од предвидените 200
-
Со „паметни часовници“ до автоматски повик на 112 во ЦУК - надоградувањето на системот продолжува со напредокот на технологијата
-
Таткото на 15-годишникот што управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје добил кривична
-
Украинските хакери го нападнаа рускиот мобилен оператор „МегаФон“
-
Украинската армија собори 46 руски дронови и две ракети
-
Се запали автобус на ЈСП во Сопиште
-
МФ: „Стандард и пурс“ ги потврдуваат напорите на Владата за забрзување на економскиот раст
-
Хамас ослободи четири припаднички на израелската армија