Фон дер Лејен ги повика САД да ја укинат забраната за влез на граѓани на ЕУ во земјата
Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен ги повика Соединетите Американски Држави брзо да ја укинат забраната за доаѓање од Европа поради коронавирусот.
– Ние инсистираме слични правила да важат за пристигнувањата од двете насоки, рече фон дер Лајен за германската медиумска мрежа РНД.
Таа додаде дека епидемиолошката слика во Европската унија и САД сега е многу слична.
– Треба да го решиме ова прашање што е можно поскоро, ние сме во контакт со нашите американски пријатели. Ова не смее да се одложува со недели, истакна шефицата на Комисијата.
ЕУ ги стави САД на листата на трети земји за кои ограничувањата не важат од јуни, но САД продолжуваат да применуваат забрана за патување за сите луѓе што патуваат од Европската унија, со исклучок на американските граѓани или други групи како што се блиски роднини на американски државјани, дипломати и вработени.во меѓународни организации.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости