-->
-->
Фон дер Лејен: Барањето на САД за зголемен буџет за НАТО е фер
-->
Германската министерка за одбрана, која е во посета на Вашингтон, смета дека барањето на САД од земјите-членки за зголемување на воените буџети за потребите на НАТО е фер, со оглед на тоа што американската армија го носи најголемиот товар за операциите на Алијансата.
Министерката на Германија која не го почитува договорот меѓу НАТО членките и одвојува далеку помалку од два проценти од својот буџет за потребите на Алијансата по средбата со својот нов американски колега Џејмс Матис во Вашингтон изјави дека ги разбира барањата на САД.
- Тоа е фер барање. Ако сакаме заедно да ги решаваме кризите низ светот и да водиме битка против тероризмот, а НАТО да биде во солидна форма тогаш сите треба да го платат својот дел од товарот, изјави Фон дер Лејен, јави дописникот на МИА од Берлин.
Во врска со Русија германската министерка наведе дека глобалните проблеми вклучително и војната во Сирија не можат да бидат решени без Москва, која во исто време мора да го почитува меѓународното право, границите и суверенитетот на државите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Деветмесечно бебе донесено во неконтактибилна состојба, починало во болница во Охрид
-
ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав
-
Претрес во Струмица, приведен осомничен дилер
-
Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори
-
Расчистено двојното убиство во Стајковци
-
Напаѓачот на Фицо призна вина
-
Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, посредувала за добивање социјални станови
-
Костадиновска-Стојчевска: Музеите имаат заштитничка улога за нашата историја, култура и идентитет