Фон дер Лајен: Вештачката интелигенција носи ризици, но и огромни можности
Едно се чини јасно: иднината ќе биде дигитална. Вештачката интелигенција има ризици, но нуди и огромни можности, а клучното прашање е како да се искористи технологијата која брзо се менува, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на третата сесија на Самитот на Г20, насловена „Една иднина“, што се одржува во Њу Делхи.
– Она што го прави светот сега ќе ја обликува нашата иднина. Европа и нејзините партнери треба да развијат нова глобална рамка за ризиците со вештачка интелигенција. Таа треба да не заштити од системски општествени ризици и во исто време да поттикне инвестиции во безбедни и одговорни системи за вештачка интелигенција, додаде Фон дер Лајен.
Според неа, на глобално ниво потребно е да се формира тело од научници и иноватори, кои треба „да обезбедат знаење за ризиците што ги носи вештачката интелигенција“, како и за потенцијалните придобивки за човештвото.
Таа истакна дека јавната дигитални инфраструктура може да биде вистински поттик за економиите во развој.
– Можностите се огромни, инвестициите мали. Трикот е да се изгради јавна дигитална инфраструктура, која е интероперабилна, отворена за сите и доверлива, додаде претседателката на ЕК.
Таа како успешен пример во таа насока го посочи дигиталниот Ковид сертификат на ЕУ.
– Моделот беше толку функционален и толку доверлив што 51 земја на четири континенти го преземаа бесплатно. Денес, СЗО го користи како глобален стандард за да ја олесни мобилноста во време на здравствени закани, потенцира Фон дер Лајен во обраќањето.
Ново на Сител
-
Респираторните инфекции ги полнат педијатриските амбуланти и клиниките!
-
Преглед на вестите од свет
-
Евиденција на основните средства на јавните комунални претпријатија
-
Дали ќе поскапи струјата?
-
Весна Дамева си поднесе оставка
-
Бајрами: Запален е мојот автомобил
-
Верските лидери повикуваат на смиреност
-
Со намалени цени во зима до повеќе туристи