Македонија
30. October 2023 - 11:37

Фон дер Лајен: Тука сум за да ви кажам дека сте на добар пат да се приклучите кон ЕУ

Тука сум денеска да ви кажам вам и на граѓаните на Северна Македонија дека сте на добар пат да се приклучте на ЕУ. Со нетпрение очекувам да ве пречекаме таму. Морам да кажам дека е навистина неројатно да се види напредокот, кој што Северна Македонија го постигна  како и решителноста да се движи напред во вистинската насока. Тоа е импресивно. Знаеме дека ЕУ има долга историја на пристапување, не била секогаш Унија на 27 членки, туку постојано се работело на проширувањето и таа има историја на почитување за сите и за секоја нација и почит за разноликоста која ја претставуваме. Затоа еден ден сигурна сум дека ќе ја пречекаме Северна Македонија со нејзиниот уникатен идентитет и сопствен јазик. Денеска веќе имаме 24 различни јазици во ЕУ, а еден ден ќе го вброиме и македонскиот јазик во нив.

Ова го истакна претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски по средбата во Владата. 

-Северна Македонија веќе постигна многу, изоде многу и мојата желба е дека апсолутно треба да продолжите. Скрининг процесот се одбвива беспрекорно и ние се стремиме да ги отвориме преговорите за кластерот Фундаменти оваа година и знам дека можеме да го направиме тоа. Свесна сум секако за промената на Уставот. Првите  чекори веќе се преземени во Собранието и тоа се добри вести, а сега се надевам дека сите партии, сите страни ќе ја искористат оваа можност да се придвижат напред затоа што сега е вистинскиот момент, цела ЕУ и сите земји кои сакаат да се приклучат кон процесот на проширување. Затоа важно е да се искористи овој момент. Знам дека овие процеси можат да бидат предизвикувачки и сигурна сум дека ќе ја одржите вашата репутација на успешно  мултиетничко општество. Вие веќе го  отелотворувате мотото на ЕУ - обединети во разнопликоста и тоа е зошто Скопје го доби престижниот наслов на Еропски град на културата за 2028, рече Фон дер Лајен.

Таа изрази надеж дека партиите ќе ги поддржат уставните промени, бидејќи, како што рече, сите тие имаат одговорност за иднината на државата.

-Изборот е ваш и затоа навистина се надевам дека сите страни, сите партии, ќе го искористат тој момент и ќе ги поддржат уставните промени, затоа што се работи за вашата иднина и сите партии имаат одговорност за иднината на Северна Македонија“, рече Лајен.

Втората порака која ја пренесе претседателката на ЕК денеска на прес-конференцијата во Владата е дека треба да се збилжат економиите.

-Ние веќе го правиме тоа. Гледајќи наназад имаме план од 30 милијарди евра за инвецстии кој брзо се испорачува, вели Фон дер Лајен и при тоа ги спомна инвестициите во чиста енергија како соларните централи во Битола и Осломеј, ветерниот парк во Богданци и поддршката од 80 милиони евра за справување со енергтетската криза лани, за која нагласи дека е битно дека заедно се справивме. 

Ковачевски рече дека Лајен е еден од најголемите пријатели на Северна Македонија и секогаш доаѓа со конкретни чекори и планови за приближувањето кон ЕУ, а денеска разговарале за конкретниот план за раст кој ќе донесе конкретни придобивки за земјата и граѓаните пред полноправното членство 

-Овој план ние го баравме и затоа сакам да и се заблагодарам на претседателката за подготовката на планот. Овој план ќе даде нов силен поттик на евроинтеграциите на земјата. Со неговата реализација која зависи и од ЕУ, но пред се од нас, Западен Балкан двојно ќе го зголеми обемот на екјономијата на регионот, а нашите економии ќе пораснат за околу 10 проценти, рече премиерот Ковачевски.

Дел од придобивките кои ги носи планот се: можност за отворање на влез на ЕУ пазарот за македонските производи, зголемување на обемот на опфатот на производи без царини, непречено движење на услуги во делот на електрионската тргоција и зголемување на квалитетот на образованието.

Претседателката на Европската комисија вечера со претседателот Стево Пендаровски, а денеска Ковачевски со свечена церемонија ја пречека на платото пред Владата, по што следуваше билатерален состанок на двете делегации и заедничка прес-конференција.

Од Скопје, претседателката на ЕК ја започнува четиридневната турнеја низ државите на Западен Балкан, а пред да продолжи за Приштина заедно со премиерот Ковачевски, вицепремиерот за европски прашања Маричиќ и евроамбасадорот Гир, ќе го посети индустрискиот капацитет „Џанвики ДОО“ за преработка на зеленчук и овошје, најголемиот корисник на ИПАРД програмата во државата. 

Од независноста до денес поддршката на ЕУ за земјава изнесува над 3,3 милијарди евра.