Фон дер Лајен: Светот е во трка со времето во однос на Омикрон варијантата
Светот е во „трка со времето“ со Омикрон варијантата на коронавирус, изјави вчера претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за време на посетата на Рига, Летонија.
Европската унија „многу сериозно“ ја сфаќа заканата од варијантата Омикрон, додавајќи дека на научниците и производителите ќе им бидат потребни две до три недели „да добијат целосна слика за квалитетот на мутациите“, рече таа.
Фон дер Лајен истакна дека треба да биде „највисок приоритет“ на земјите да ги вакцинираат своите граѓани и да даваат засилувачки дози. Таа, исто така, ја нагласи важноста од носењето маски, хигиената на рацете и физичкото растојание за да се „купи време“ додека не се дознае повеќе за варијантата Омикрон.
Досега, 65,9 отсто од популацијата на Европската унија во моментов е целосно вакцинирана, според денешните податоци од Европскиот центар за превенција и контрола на болести.
Ново на Сител
-
Уште два неуспешни обида на Уставниот суд да избере нов претседател, седницата продолжува в понеделник
-
Избори за нов претседател на СДСМ на 30 јуни, конгрес на 9 јуни
-
Мурињо седнува на клупата на Фенербахче
-
Медиуми: Мареска нов тренер на Челзи
-
ЈП Градски паркинг - Скопје од утре со летно сметање за зонско паркирање
-
Лани пријавени 433 деца во судир со законот, 307 осудени
-
Во завршна фаза преговорите за новата Влада
-
АА: Ќе се повлечат од функцијата градоначалник бидејќи ВМРО-ДПМНЕ им вети законски измени