Фон дер Лајен: Ќе ја посетам Белата куќа кога ќе имаме пакет трговски договор
Ќе отидам во Белата куќа тогаш кога ќе имаме пакет со решенија за трговските прашања со кој ќе се согласиме со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска претседателката на Европската комисија.
– За мене е важно ако одам во Белата куќа, да имам пакет и сакам да имам решение за кое двајцата можеме да се согласиме, тоа е она на што работиме во моментов во рамки на разговорите со САД, рече Фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Брисел.
Таа додаде дека не би сакала да навлегува во детали за текот на преговорите, посочувајќи дека во разговори ништо не е договорено, додека на биде постигнат договор за целиот пакет.
Фон дер Лајен нагласи дека во тој правец ЕУ предложи модел на „нула за нула“ царини од двете страни на Атлантикот.
– Ние сме подготвени да ги укинеме царините за индустриски стоки и како што знаете, интензивно работиме на договор за решение за прашањето за царините. Решение кое е балансирано, фер, неутрално и корисно за двете страни на Атлантикот. Но, ако преговорите не успеат, ние ќе дејствуваме и затоа во моментов се консултираме за можната листа на реципрочни мерки. Со други зборови, сите наши инструменти и опции остануваат на маса, додаде Фон дер Лајен.
Мерц, од своја страна, истакна дека ги поддржува преговорите што се водат со САД, посочувајќи дека во интерес на двете страни е да се најде решение. Тој нагласи дека Вашингтон не може да ги одбира земјите членки на ЕУ една по една и со нив да преговараат за трговски договори, бидејќи трговијата е во целосна надлежност на Европската комисија и нивни трговски партнер е ЕУ во целина.
Според Мерц, централен проект на ЕУ за наредните години треба да биде јакнење на конкурентноста на европската индустрии, за што е потребно намалувањето на бирократијата и поедноставување на регулативите на Унијата.
– Ни треба фундаментална модернизација и подобри рамковни услови во Европската Унија, рече Мерц.
Ново на Сител
-
Во келијата на Васев пронајдени три мобилини телефони, тој тврди дека не се негови
-
Трамп: Упадот со беспилотни летала во Полска би можел да биде грешка
-
ЦУК: Под контрола пожарот во Дрисла, 13 пожари на отворено целосно изгаснати
-
Комбе излетало од мост на патот Штип-Радовиш, има починати | ФОТО
-
ДЗС: Се уште има чадење од Дрисла, но во помал обем, дивата депонија Вардариште е целосно изгасната
-
Нетанјаху: Нема да има палестинска држава
-
Во Собранието седница за Предлог-декларацијата за фер, слободни и демократски избори
-
Полицијата објави видео-снимка од осомничениот за убиството на Кирк