Фон дер Лајен: Еврокомисијата ќе предложи механизам за споделување на ковид-вакцини со земјите вон ЕУ
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен потврди дека Европската Комисија ќе предложи механизам за споделување на вакцините со земјите вон ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.
Шефицата на Комисијата со ова ја потврди вчерашната најава на еврокомесарката за здравство Стела Кириакидес, за ваков механизам со кој треба да им се помогне на земјите со низок и среден приход кои не можат да си дозволат набавка на вакцини.
– Треба да ги поддржиме нашите соседи да ги вакцинираат работниците во првите редови, на Западен Балкан, Источното Партнерство, Африка, и за тоа Европската комисија предлага механизам за споделување на вакцините или директно или преку Ковакс, изјави утрово Фон дер Лајен пред Европскиот парламент и во пресрет на утрешниот Самит на лидери на ЕУ, на кој ќе се разговара на оваа тема.
Претседателката ги прекори и земјите членки на ЕУ затоа што не покажуваат солидарност за вакцините.
– Некои ќе прашаат како да споделиме кога и самите не сме сите вакцинирани, ним им одговарам дека не е само солидарност во прашање, туку и личниот интерес, порача Фон дер Лајен, истакнувајќи дека во прашање е и кредибилитетот на ЕУ на геополитички план.
Фон дер Лајен додаде дека „оние кои ќе покажат поддршка нема да бидат заборавени, но оние кои не ја покажуваат ќе бидат запаметени, од многу различни причини“.
– Европа мора да биде на добрата страна на историјата и човечноста, порача шефицата на Еврокомисијата.
Според најавата на Кириакидес се очекува ЕК да обезбеди 70 милиони евра за Западниот Балкан за набавка на вакцините и уште 50 милиони евра поддршка преку Светската здравствена организација (СЗО).
СЗО ги предупреди богатите земји во светот дека „себичноста“ за вакцините ќе доведе до морална криза.
Ново на Сител
-
Пад на продажбата на станови во вториот квартал, највисока цена за метар квадратен постигната во општина Центар
-
Приведен возач во Битола, управувал возило со 104 км на час на место каде што е дозволено 50
-
Царинска управа: На ГП Стење фатен патник со златен накит вреден 346 илјади денари
-
Приведени тројца малолетници, одзеле пари од угостителски објект на подрачјето на Центар
-
Србија преговара со Русија за изградба на нуклеарна централа
-
Се забранува за пиење водата во Неготино поради присуство на мирис и вкус од непознато потекло во дел од улиците
-
Приведени две лица од Кочани, кај нив е пронајдена дрога, а судија на претходна постапка им определи мерка притвор
-
Приведени двајца германски државјани на ГП Табановце, во нивните возила најдена е дрога