Фон дер Лајен: ЕУ нарача 180 милиони вакцини Фајзер адаптирани за Омикрон
Европската унија нарача повеќе од 180 милиони дози од вакцината „Фајзер/Бионтек“, прилагодена за варијантата Омикрон, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Фон дер Лајен рече дека лидерите на ЕУ активирале клаузули во договорите потпишани со производителите на вакцини што им дозволуваат да побараат развој на адаптирана вакцина во рок од 100 дена.
Таа додаде дека регулаторот за лекови на ЕУ работи на евалуација на адаптираната вакцина. Исто така, истакна дека Европа сега може да произведува 300 милиони дози вакцини секој месец.
– Со повеќе од милијарда дози испратени до остатокот од светот, ЕУ е најголемиот извозник на вакцини против Ковид-19, додаде Фон дер Лајен и притоа побара од земјите на ЕУ да ги забрзаат кампањите за вакцинација по појавата на Омикрон.
Фон дер Лајен, исто така, ја појасни валидноста на Ковид сертификатите кои се користат за патување, а кои неодамна беа предмет на дискусии во ЕУ. Повторувајќи дека е препорачливо да се земе „бустер“ вакцина шест месеци по целосната вакцинација, таа рече дека сертификатите ќе важат уште три месеци додека не се даде засилувачката вакцина.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Мора да има одговорност за прислушувањето
-
Филипче: Најлошо ќе биде да не правиме ништо
-
Јаневска: Студентите имаат партнер во МОН
-
Под ингеренции на МОН, од годинава 8 регионални центри за стручно образование и обука
-
Бројот на првачиња во Струмица намален за 10%
-
Митевски: Работиме на решение за Вардариште
-
Шукова: Вардариште ќе остане депонија
-
Охрид треба да привлекува туристи со своето природно и културно наследство, а не со езерски туризам