Фон дер Лајен: Денеска мора да најдеме решение за финансирањето на Украина

На денешниот Европски совет ќе имаме интензивни дискусии за финансиската поддршка на Украина и најважно е на крајот да обезбедиме финансирање за Украина за следните две години, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен пред почетокот на Самитот на ЕУ во Брисел.
- Денеска мора да најдеме решение. Нема да го завршиме Европскиот совет без решение за финансирањето на Украина за следните две години. Имаме двете опции и за едната од нив мора да се договориме, истакна Фон дер Лајен.
Таа потсети дека предложила две опции за ова финансирање – едната преку буџетско задолжување на ЕУ и втората преку т.н. заем за репарации.
- Денеска ќе разговараме за тоа која од двете ќе ја примениме, рече Фон дер Лајен.
Во однос на белгиското противење на планот за заемот за репарации, кој предвидува користење на замрзнатите руски средства за исплата на финансиската поддршка за Украина, Фон дер Лајен изјави дека целосно ја поддржува Белгија што инсистира на својата загриженост за ризиците од овој предлог.
- Работиме деноноќно со Белгија и сакам да му се заблагодарам на премиерот (Барт де Вевер) за неговиот личен ангажман. Апсолутно ја разбирам и ја поддржувам идејата дека ако го прифатиме заемот за репарации, ризикот мора да го споделуваме сите. Тоа е прашање на солидарноста, што е основен принцип на Европската Унија, рече Фон дер Лајен.
Според неа, Самитот, кој се одржува во многу клучно време, имаме една крајна цел – мир за Украина, за што е потребно земјата да има сигурно финансирање за 2026 и 2027 година.
- Добро е што Европскиот совет минатиот пат се обврза дека ќе го затвориме финансискиот јаз на Украина за следните две години, потенцира Фон дер Лајен.
Таа додаде дека на Самитот ќе се разговара и за економски теми, вклучително и за ранливоста на европската економија и за нејзината глобална конкурентност, за чие зајакнување ЕУ мора да се ослободи од преголема зависност од еден извор.
- Тоа е можно само преку мрежа на договори за слободна трговија. Меркосур игра централна улога во нашите трговски договори. Тоа е потенцијален пазар од 700 милиони потрошувачи од земји кои мислат исто како нас и кои сакаат слободна трговија. Затоа е од огромно значење да добиеме зелено светло за Договорот со Меркосур и да можеме да ја завршиме процедурата со потпишување, рече Фон дер Лајен.
Ново на Сител
-

Од понеделник променливо облачно и посвежо, пообилни врнежи во среда и четврток
-

Кавадарчанец физички го нападнал својот 74-годишен татко
-

Приведен кавадарчанец, физички ја нападнал својата поранешна сопруга
-

Мицкоски и Николоски ќе го означат почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, 6 степени во Гевгелија
-

Автомобил удри во група пешаци во Англија, има тешко повредени
-

АХВ: Над 40 тони необележени јајца од Србија уништени на Дрисла | ФОТО
-

Пораз, но вредно искуство за Лука Кипровски
