Свет
30. September 2015 - 8:58

Фолксваген ќе го замени спорниот софтвер во 11 милиони возила

Германската компанија „Фолксваген“ соопшти дека ќе го замени во речиси 11 милиони возила софтверот, кој дава лажни информации за вредноста на издувните гасови.

Новиот извршен директор на компанијата Матијас Милер изјави дека во следните неколку дена клиентите ќе бидат информирани како ќе се изврши тоа. Според аналитичарите тоа може да ја чини компанијата повеќе од 6,5 милијарди долари.

Американските законодавци побараа од компанијата да им бидат доставени документи, поврзнаи со скандалот со манипулирање на податоците, вклучително документација за развојот на програмата, што дозволува без проблем да се минуваат тестовите за емитување на штетни гасови.