Фолксваген доби рок од две недели за елиминирање на спорниот софтвер
Германските власти му дадоа рок до 7 октомври на автомобилскиот гигант Фолксваген да ги достигне бараните еколошки стандарди на неговите дизел мотори.
Канцеларијата за моторни возила КБА му наложила на Фолксваген да ги достигне задолжителните стандарди и да постави временска рамка до терминот до кој компанијата ќе го намали испуштањето на штетните гасови без користење на софтвер за лажирање на нивото на загадување.
Доколку Фолксваген не успее да го оствари барањето тогаш германските власти можат да ја повлечат дозволата за продажба и движење на возилата во кои се вградени спорните дизел мотори.
Претставниците на Фолксваген веднаш реагираа на барањето на КБА со информација дека наскоро ќе достават акциски план кој што ќе вклучува и надградба на спорниот софтвер.
Мерките на германските власти доаѓаат по признанието на компанијата дека 11 милиони возила на светско ниво од кои 2,8 милиони во Германија биле опремени со софтвер, кој вештачки го намалувал нивото на загадување од возилата.
Според весникот „Билд ам зонтаг“ производителот на спорниот софтвер во 2007 година го преупредил Фолксваген дека се работи за софтвер кој е наменет само за тест возења и дека негово користење за комерцијална употреба може да е илегална.
Скандалот со лажното прикажување на загадувањето може да доведе до милијарди долари казни во САД.
Истраги за софтверот се водат во десетина земји, а акциите на една од најдобрите германски компании паднаа за една третина по излегувањето на вознемирувачките инфомации во јавност.
Ново на Сител
-
Пет месеци од трагедијата во Кочани, 18-ти по ред „Марш на ангелите“
-
Тема на денот со Тони Менкиноски
-
Пратениците од ДУИ гласаа против измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Средбата Трамп-Путин заврши без договор за прекин на руско-украинската војна
-
Цела ноќ битка со стихиите кај Јажинце, денеска критично и кај Јасен
-
Славески: Без јасна поделба на универзитетите секое следно рангирање ќе носи фрустрации, не решенија
-
Кога студентите ќе ги добијат ваучерите од 250 евра за електронски уреди?
-
Проблемот со струшката депонија пред судот во Стразбур